на (предл.) - грло (имн.)

Што му е тоа, што му е, пак, сега? Живко можеше секогаш да те изненади, но сега повеќе би очекувал од него да извади од џебот шишенце тоникум за гаргара на грлото. - Не? Ни ти?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас кога народот ја претчувствува мемлата во говорот, офтиката несомнено насетува неслобода осој, таму кајшто треба да припекува слободата на зборот и мислата сласта на грлото кога го испушта гласот милозвучен ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот во него е сѐ она што по којзнае кој пат било не само овде и не само во нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Возврати со чистинка на грлото низ кое зборовите се истураа сами: - Највеселата вечер на човештвото ја прогласувам за отворена!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Му се случи еден ден и ова: наеднаш, во мислите здогледа изграден еден голем сарај, токму на грлото од езерото, а распнат беше сарајот врз еден дрвен мост кој спојуваше брег со брег од реката што истечуваше од езерото.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И после почна да се кркори: го фатила некоја разуздана смеа, некој кикот што завршува со потписнување на грлото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите знаат дека у развиените земји на секое пакло цигари има слика од рак на грло, умрено бебе, тумор на плуќа, исушен мозок... Aма, слика на „снеможен паднат борец“?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Клинкаше поднаведен бившиот народен учител, впрегнат во тој штурински пат, со широко размавтани раце, со крвничка мисла да ѝ стапи најпосле на судбината на грло, и да гмечи, и да гмечи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вик на победа, очаеност и злоба му застанува на грлото и се онесвестува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)