на (предл.) - граѓанство (имн.)

Но командантот на бродот сепак сметал оти непримерното однесување на граѓанството не било од политички причини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Командантот на англискот брод им се извинил на нивните офицери поради непријателското однесување на граѓанството. Такво однесување и тие не очекувале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Турското поданство и зачувувањето на целоста на Турција ни дава право на Македонците низ цела Турција да се ползуваме со правото на граѓанство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само таквиот малуброен слој на граѓанство, припиени до владеачките јасли, се напојуваа како сушни предели, останатите слоеви беа немоќни набљудувачи....
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)