на (предл.) - гратче (имн.)

Се наоѓаше во предградието на гратчето, во реон полн со големи полиња и куќи што сѐ уште се градеа; забележав и дека по нерамните патишта шетаа многу улични мачки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не поминаа ни петнаесет минути откако легнат се обидував да читам и така да ги оттргнам мислите од мојот надуен мев, кога вниманието ми го одвлече ритмичен, повторлив звук што не можев да го дефинирам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Војводите пак го целивале и му рекле дека мајсторите можат веќе без него, тој нека собере сѐ што може да застане на нога, старо и младо, машко и женско, на незаштитените места на гратчето да се постават камени појаси за одбрана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исто така, според раскажувањата на мајка ми, Јован бил способен маж кој успеал со капиталот што го имал да создаде уште повеќе и да ѝ изгради голема и убава куќа на Олга во предградието на гратчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Војводите го целивале и му праќале од своите трпези дебели овновски опаши и густо вино но тој, кашлајќи тешко, изблул од уста бели парченца дроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)