на (предл.) - госпоѓа (имн.)

Автобусот каснеше десет минути. Задоволна и уморна седнав на клупата и запалив цигара. Ѝ заблагодарив на госпоѓата што ми ги причува торбите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А за Евелин случајно разбраав. Едно утро штотуку сакав да влезам во дневната соба кога го чув нималку пријатниот глас на госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И добро поднесувам, зашто сама сум меѓу оние бесмислени луѓе и не очајувам толку.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека јас дома аргатувам, Господ би знаел, ти си бил долу во продавницата, нудејќи им друштво на госпоѓите што таму влегуваат и излегуваат.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бакнеж на госпоѓата Регулес, чај на момчето на Ривасови и се воздржувам за да издржам однатре.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Погледот на госпоѓа Мариела беше продорен и испитувачки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бабата ја подава својата карта, наводно не стигнала да ја поништи, „разбијачот” го поткинува, полн со разбирање за тешко подвижноста и габаритот на госпоѓата во години... а таа под рака му ја подава на дедото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)