Но тие солзи не беа солзи на слабост, туку солзи на гнев, што можеби е исто, оти слабиот е гневен и помни; помни сѐ додека не се одмазди.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
•Хичкок: „Тој „Оскар” отиде кај Селзник, продуцентот; таа година, Џон Форд (John Ford) доби „Оскар” за режија на филмот Плодови на гневот (The Grapes of Wrath). Дописникот од странство (Foreign Correspondent), 1940г. 138 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Да беше филмот во боја, ќе внесев еден кадар кој отсекогаш сакав да го снимам, а никогаш не го направив тоа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тргна. Натоварен со тешка вреќа пченични зрна, која неизмерно му тежеше, првин тргна по патот, на кој можеше да сретне само луѓе и нелуѓе, низ чии што очи се наѕираа поткренати на прсти, доблестите или стрчеа искри на гнев, кои му предизвикуваа збунетост, до степен на треперење, наежување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)