на (предл.) - глушец (имн.)

- На глувците не им е потребен развигор, - се шегува Павле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што е најважно, тој поверува во нејзината проникливост и затоа конечно реши со неа и понатаму да игра игра на глушец и мачка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Показалецот го лиже јазикот, па ги врти страниците побрзо од Google, па пребарува со остриот нокт како со стрелата на глушецот.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
За сетилата на луѓето поклопени со мртов мрак во своите соби разјадувачкото крцкање на глувците не беше никаков допир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)