на (предл.) - глупост (имн.)

Кога прелета оваа мисла по небото на моето чело веднаш си реков: Васке, Васке, од кога си го имаш впрегнато умот во колата на глупоста?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одбиј, одбиј! Кај да одбијам, на една нога стојам, се слуша. Одбиј на глупост!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На работ од хоризонтот - безимение... Повторувањето на новите грешки прослава на глупоста.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
На глупости си ја валкаш фантазијата“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човештвото ќе се издигне од емоционалната затапеност и отуѓеност и достоинствено ќе излезе од демилитаризаната зона на глупоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Малку посовесните имаат ментална болка од инсолентното лицемерство, фарисејството, неограничената глупост која не може да се контролира.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Токму тука се креваше најголемиот балкански ѕид на стравот и на проклетствата, ѕидот на апсурдот и на глупоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Одбивај на глупост, вели, кај можеш на сите да им погодиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)