Очигледно потсмевајќи му се на оној што вообичаено се нарекува перверзен, во рамките и сексуалните обичаи и перспективи на гледањето, тој ингениозно ги нападнал и уништил овие статички конвенции.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Воспоставувајќи хармонија меѓу комбинациите на временскиот и просторниот агол на гледање, а во чија внатрешност е сместен настанот, авторот успева да ги сугерира влезните кодови на пораката...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Од медиска точка на гледање вистината е победа на едната (вистина) над другите. Произведуваат ли медиумите една важечка стварност?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Освен трамбулинскиот начин на гледање на сликички, говедцето го развива и нему повеќе соодветниот punchbard-систем: во една издупчена и изабена (намерно!) кутија (која господиниот Докторов, доколку сеќавањето не мами, ја споредува со стара девојка) се спуштаат хартивчиња наменети за играње на среќа, а во овој случај тоа се сликички од кои се раѓа еден колажиран монструм.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Маргина 37 29 Гордана Внук ПОСТ-ПОРН МОДЕРНИСТКИ ЖЕНСКИ ПРИСТАП КОН ТЕЛОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ТВОРЕШТВО
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Рече така шифрантот Иваз, чувствувајќи мала победа оти на амбасадорот му укажал на крупна грешка, од неговиот агол на гледање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да мижам значи сета слобода на гледањето
да ја препуштам на моите прсти
таму кајшто душата се сместува бесшумно,
како во име
и излегува надвор
да допре и да ја допрат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ако се промени аголот на гледање
од пладнето ќе остане полноќ.
Ќе се добие ѕид на видикот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бев прочитал во една книга со геометријски цртежи дека аголот на гледањето сосема го менува впечатокот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)