на (предл.) - глас (имн.)

Ако во поглед на висината на паричниот износ или количеството [ствари] се поделат гласовите на повеќе од две мислења, повторно ќе се разгледаат причините за секое мислење, па ако и по тоа не може да се постигне мнозинство, гласовите дадени за најголемиот паричен износ или количество ќе им се додадат на гласовите дадени за најблискиот помал паричен износ или количество, додека не се постигне мнозинство (чл. 123, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако во поглед на одделни прашања за кои се одлучува се поделат гласовите на повеќе различни мислења, така што ниту едно од нив нема мнозинство, прашањата ќе се разделат и гласањето ќе се повторува сè додека не се постигне мнозинство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неговата величествена воздржаност, исправениот машки стас, и бојата на гласот, те сепнува на момент, мислиш машки ’ржи како лав.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Невеста имаш ли бе шутрак, млад си сигурно и таа е млада, ха, ха, ха? - се смееја на глас сите поддржувајки го главниот со климање на главата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Турци, турци! - се слушнаа пискање на гласови на жителите на селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„За каде господине?” - праша несигурно Шабтај, замајан од хармонијата на таа чудесна мешаница на гласови, јазици и песни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таа жива и занесна, толку драга какофонија на гласови шумови, џагор, ведри повици, цивкање на деца, од некаде се слуша тажникав звук на вергл.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Така, нека ви биде чисто, топло и меко! - се фати Бојан себеси како зборува на глас.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ломотењето на гласовите и ѕвечкањето на чиниите ја намалија неподносливоста на нивното молчење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Изворот на гласот беше замаглена глетка, но сега заоблената форма му беше во фокусот, со крпа в рака го бришеше шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ласкања, навреди, лицемерие, лукавства: сето тоа се чеда на зборот, а не на гласовите, оче Иларион.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа ука за значењата на гласовите се однесува само за сподобија кои не постојат на овој, туку на оној свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но, можеш ли да ни го објасниш значењето на гласовите, за секој глас одделно?!“, рече сега веќе сосема заинтересирано логотетот, кој во воздухот насетуваше чудо, миракула Божја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Светлина што се гледа со срце, а што се распаѓа на бои кога се гледа со разум; музика што се слуша со срце, а што се распаѓа на гласови кога се слуша со разум.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми беше страв да не сум полудел, да не зборувам можеби повторно на глас, па го прашав Земанек дали можеби знае што сум помислил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Барем сега, додека сум во собата сам, можам слободно да заклучам дека сѐ повеќе наликувам на оној наш Кочко, партизанскиот песнопоец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речиси сум сигурен дека не го слушна дури ни ова мое неконтролирано вежбање на гласот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас, не сакајќи, на глас ги соопштувам работите што ме мачат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали треба да ме загрижува ваквото непресметливо однесување на мојот ум?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сосема заборавив дека сум на погреб, а една од душичките што дишеше шумно зад мене, се накашла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тоа приватните прашања што немам сили да ги разрешам со обично испитување па дури и со наредба, или со удар на раката по бирото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си беше заминал. Тоа беше причината на глас да се засмеам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колкупати горе во планината ќе ме поткренеше од сон неговиот глас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долу, го дочекаа стивнувањето на гласовите и го довлекоа гробот до реката, која блескаше покрај.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Барем децата останаа, а јас немам никого...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас повторно, плачејќи на глас и со солзи тргнав по татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така пееја сите на глас, клекнати на коленици.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе ги земеш на душа и девојчињава... (Фроса, Кате и Паре треска ги фаќа од страв и почнуваат да плачат на глас).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ко грмотевица завива одзивот на гласот меѓу две разјарени тела...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ташко Георгиевски, мој е впечаток, мошне впечатливо ги спојува специфичните и субверзивни формални јазички иновации (пореметена синтакса, преплет на гласови, тек на свест...) со она што значи „наш дух, ритам и автентичност“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тогаш, простете! Чудно, но толку многу личите една на друга. Имате дури и иста боја на гласот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа дури го искажа на глас. - Колку убаво среден имот!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа имаше посебен дар за паметењето на ликови и бојата на гласовите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Арно ама, нарачката треба да се сними комплетно, од почеток до крај, заедно со целото оро, кое ороводачот, личниот шофер, го „танцаше“ и го виеше на широко околу цела сала и, бидејќи три - четирипати некој друг си зафаќаше мало кратко оро, музиката престануваше и, заедно со текстуалната порака читана на глас на микрофон, повторно се снимаше од почеток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Глупости, каква слика. Тоа не доаѓа предвид!“, вреска госпоѓата на глас и, барајќи низ списокот, одеднаш целата вознемирена и покажува дека, ете, кај оној чичко ѝ од Власина може да се оди со слика затоа што тој дошол со тенџере за ајвар и тајфа од десет луѓе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поинаку не можев да те заштитам - и повеќе не издржа; се расплака на глас, го фрли ножот, истрча во тремот, извика таму Да не видам огледало во куќава и преку дворот избега некаде во полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само ги слушаш, до доцна во ноќта, како тулуликаат волците во гората и како жеравите, прелетувајќи ја Потковицата, одат некаде на југ, кликтаат јадосано и осамено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш префектот извади еден бележник и почна на глас да ни чита подробен опис на внатрешниот, а особено на надворешниот изглед на исчезнатиот документ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Сто и педесет рубли за шинел! – извика кутриот Акакиј Акакиевич, можеби за првпат откако се родил, зашто секогаш се одликуваше со тивкост на гласот. - Да, рече Петрович, и тоа зависи каков шинел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Професорот Пол штотуку сркна на глас една голтка од шишенцето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Брзав по надолнината да влезам во градот и да ја најдам куќата што воздивнува и, доколку навистина има таква куќа, да ја замолам да ми ги каже своите пророштва.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Караницата на гласовите близнаци остана на ридот зад мене. Веќе не го слушав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
1 Во својот поговор 1 раскажувачкото творештво на Живко Чинго (поговор) стр.138 кон избраните раскази на Чинго, Петар Бошковски, доаѓајќи кон поентата на своето разгледување, го истакнува тој квалитет на прозата на Чинго: „Не знам колку може да важи за општо правило дека литературата треба да се чита на глас, но во случајот на прозата на Чинго таквиот начин на контактирање може да се земе како пример на совпадливост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Блед, испиен, силно возбуден, со двете раце силно притискајќи едно малечко листе, нешто на глас мрмореше, изговарајќи збор по збор. Рецитираше, твореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Саноќ офкаше на глас, проклет да бидам, минеше од спална во спална офкајќи на сиот глас само за да не спиеме и ние.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да, ами има неверојатна природна дарба - во моментот, сега и тука да создава поезија на глас, стихови од кои целата крчма стивнува и го слуша! Да, да, вистина е!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Денешниот научник е или мешавина од психолог и инквизитор, кој до најситни детали го истражува значењето на изразите на лицето, на гестовите, на тонот, на гласот и на ефектот на дрогите во шок-терапијата, хипнозата и во физичката тортура заради извлекување на вистината; или пак е хемичар, физичар или биолог, заинтересиран само за оние гранки од својата специјалност кои се во врска со одземањето на животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Непојмливо е да не му се повинуваш на гласот од ѕидот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Би плачела на глас. Би тажела над детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
4. Ноќе да се чекори тихум муграта додека огрева отсекаде Сѐ од извор еден што потечува и утока една сал знае Во невиделото на темниот молк сѐ е кон сѐ затворено и сите страни на светот во една точка на копнежот се збрале на сонцето денот да му го понадат Шумата само чекорите на живинката ги познава и крилата вишно што се будат лазурот небесен го симињаат во пастелот на ведрата биднина Часот е тоа кога се живее и пее во мракот на успаните гори на високо Градите тишината ги полни со говор нов на утрото Гороцвеќе и божила му даруваат веќе на гласот со грстови што се истура во пристанот во чеканиот под гнездото на будната трепетлика
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
— И кога ѝ текна оти Бојана ја задои, на глас се насмеа. — Ахахаааа — и-хии !. ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра стана, се истресе, си ја заврти косата и почна да тажи на глас и да колни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таман Илко влезе сите на глас се насмеаја: — Ахахааа! Еве ошче еден погорелец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не ми се верува дека и сега е така во Македонија Ако има божја правда не би требало да е така Зошто инаку би ми кажувале сите дека Македонија Е европска земја во изградба А самите Македонци едно време далдисани Од братството и единството и затрчани по ударнички значки Самите Македонци значи велеа Дека додека трае обновата и изградбата нема одмор А богами начув дека и во последно време Чекореле преродебенички и надградено Иако не разбирам баш точно што е тоа вели Папата Сепак верувам дека еден ден ќе здивне и тој народ Иако никогаш не си начисто со народите чиишто водачи Немаат поумна работа па катаден повторуваат Дека имаат библиски корени Бетер се од папагалите какаду некои водачи на Македонците На кои јазиците им се одамна отечени од извикување празни пароли Ако продолжат така на некои водачи на Македонците Можеби ќе им паралдисаат и очите Од непрестајно гледање во огледалцето од приказните Коешто вешто ја мамело грдата сопственичка Дека најубава на светот е баш таа Така непредвидено ни скршна муабетот со Папата На македонски теми а јас не му кажав ништо за тоа Ни а ни б не реков иако од порано бев чул во близина Некои доселеници како на глас викаат Македонија на Македонците Викаа нешто и за земјата на земјоделците Од што разбрав дека Македонија е земјоделска земја Викаа нешто и за Солун дека бил нивни Ама едни други доселеници викаа уште понаглас
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Како тазе Американец јас немам право на глас уште минимум четири- пет години, па дотогаш ми останува само кирилично да мудрувам и да солам памет на мајчиниот јазик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се окарав уште кога го забележав слегувањето на Катерина по белите мермерни скали што веројатно водеа во некој друг свет, или во времето кое неколку месеци подоцна Загорка Пеперутката со голема сигурност го нарече друго време или така некако.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќерката ме напушти - рече со шепот но и во шепотот можеше да се насети болката на гласот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и се окарав: да, да, себеси! И не во себе, туку на глас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подзамижувам за да можам да му се приближам на гласот на Борко кој се обидува да ми дорасветли некои посебни детали од неговите љубовни доживувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Таков е животот - велам на глас - непоправливо сложен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Волшебната тајна на гласот твој ме буди со копнежот пред-потопен болот ми го плоди, од сегашноста ме краде, мајчинство ми нуди небаре носталгија на боите, до исконот ме води.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кажи: задоволството е во занесот по зборовите, не самите зборови: кога сѐ е речено, недоречено кога зборувањето е пасија, од по жица по тенок мраз, скок над гротло ; кога се разбираме молкум, со поглед, со мимика, со гест со крстот на чело; кога се разбираме наспроти зборовите со интонацијата, со бојата на гласот; кога ситуацијата е дел од разговорот;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пријатен вкус на јазикот. Ги слушам звуците на гласовите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Запеавме, Нумо, прво полека, тивко, на гласови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Искрено ја љубеше таа отвореност на гласовите и просториите, разголеноста на убавите жени, самодопадливоста на мажите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сака да се помоли и сака да прости, но очајот и треперењето на гласот уште повеќе ја продлабочуваат агонијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакам да викам со целата моќност во мојот глас, а молчам, на дождот чекам и сеуште верувам...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Меѓувремено, и покрај разораната збрканост, куклата се присети на гласот што и се одзва кога смрзнуваа во соспите на брегот од Леденото Езеро.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сарказмот, одвај видливата насмевка на крајот од усните, блесокот во стеснетите очи, одмерените движења на рацете и честите шрекини со менливата боја на гласот, оставија силен впечаток кај сите присутни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога велеше - белки ќе дојдат други времиња - јас во тие штури, навидум сиромашни зборови, гледам само бесконечно траење, а во бојата на гласот – триумф!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги слушам овие водичи - конзерватори со упадливо црни комбинезони како чекорат од едниот до другиот крај на просторијата, запирајќи од еден на друг предмет, неочекувано менувајќи ја интонацијата на гласот, небаре се натпреваруваат во довикување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го стегна нешто Мечета во грлото и само што не залипа на глас.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Без свесно да избереме и без иницијална церемонија, мигриравме од „реалните светови“ на гласови, мануелност, машини, во дигитализираните инфо- светови нарекувани најразлично - киберпростор, хиперпростор или дигитална физика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа миграција преку екраните во дигиталниот инфо-свет ја означува првата фаза на пост-индустриското општество.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Постојано ми се чинеше дека почнува на глас да се смее дури во моментот кога јас ќе ја погледнам, а претходно тоа не ѝ паѓало на памет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)