на (предл.) - врсник (имн.)

Спротивно на надворешниот свој изглед, во душата Пискулиев малку се беше изменил од своите матурантски денови, па тоа и овозможи да се создаде меѓу двајцата контакт на врсници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се спушта сега тој на рамената на врсниците свои во болот непребол дури од него горското цвеќе се разделува Домот во кого згасна помнењето на светот во залезот на виделото.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)