на (предл.) - врба (имн.)

— Ми дојде ли мори, продадена душо? — го сретна Милан Јована и му ја покажа сувата врба крај Вардар, што требаше да го заплаши Ѓура дека таму, на врбата, ќе го заврши животот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Далеку на хоризонтот заиграа бели пали. Тој погледна околу себе: и низ гранките на врбите светли отсеви.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе измислам една иднина и ќе се смирам, мислеше. Ќе побарам некоја Марија за една вечер, дури и ако не никне на врбите грозје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа поладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините кончиња се распаѓаа, иако штотуку ги рашириле крилцата, млечките свенуваа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се вратив во земјанката, ја зедов дебелата ортома и ја врзав за стеблото на врбата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Водата ги подлижуваше ниските гранки на врбите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тоа попладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините коњчиња се распаѓаа иако штотуку ги рашириле крилцата, малечките свенуваа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тука, под сенката на врбата чекавме построени како под конец да дојди главната – Маријанти ја викаа – прво за да провери дали рамно сме построени, потоа да ни одржи говор за големите победи на ДАГ.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колата ја паркиравме под сенката на врбата – плачка и пеш одиме во обиколка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ја слушавме захрчената кутија обесена на врбата, по наведените имиња на планините и ридовите, веќе знаевме дека облакот на војната виси над нашите куќи и токму нив ги гори оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму во опојниот мирис на занесот во расплетот на врбите, во цутот на црвениот јоргован, крај река без престан што тече, плач...солзата умира тркалајќи се...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таго на тивките бои на копнежот Зелените сенки на врбите неосетно подвижни на тихата река на реката што лази на реката успиена се гушнуваат
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)