Бездруго Бургиба се замислуваше во улогата на волкот, сведочејќи за трагизмот на животот, но и во улогата на волчицата која, според некои интерпретации, се претставуваше заштитничката на Рим...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како треба да се напушти животот и сите маки, можете само вие да знаете возвишени животни, рецитираше Бургиба, потсетувајќи на свирепото убивање на волкот и на потерата по волчицата со малите волчиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во очите на волчицата изгасна пламенчето на љубовта и бесот, краиштата на нејзината челуст се пособраа, песната се исуши на нив.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)