Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како што на секоја стрела целта ѝ е однапред зададена според записот од предците, па она во што се нишани речиси нема никаква врска со Погодокот, така и новите песни на Поповски вежбаат тишина опасно приближивајќи му се, де на зборот, де само на вокалот каде што зборот влегува како в дом на врисоци и болки!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)