Пред началникот Јован, како и Бино, плукна на бугаршчината и се заколна на верност краљу Петру I, за кое веднаш стана општински шумар на оној ист свој реон во којшто брка комитаџилак тринаесет години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа беше молитва на верност и понизност кон силниот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На рибите што ќајата ги одделуваше за санџак-бегот, почна да става по еден засек кај опашката, божем случајно, но, за тој што сака да види - нели јасен знак на поздрав и колнење на верност?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ми рекоа дека секој роб, пред да стапи во рудничката јама, должен е да се сретне со Мортенија и да се заколне на верност.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Оние што ловат робови за Мортенија и самите робови без иднина.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но попот се бунел, пијавиците на набожноста му ја цицале крвта однатре.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но Дедо Мраз, не забележувајќи го сето тоа продолжуваше: - Ако бев доследен на верноста, сигурно немаше да дозволам од најголема да се претвориш во најмала и да се вратиш кај куклите.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Во моите спомени таткото на Маре претставуваше пример на добрина, на самопожртвуваност, на верност кон народното дело.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)