на (предл.) - божилак (имн.)

Па се оддалечи одејќи назачки и губејќи се во тревата, додека во погледот му остана на студентката со растурените скрипти околу голите колена туку девојчето со црвени корделки на русите плетенки и кусото ѕвонесто здолниште во сите бои на божилакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И тоа се случи токму во пролетта 1993 година, во чудесниот провансалски Арл, во кој се чувствуваше опојната миризба на расцутените лаванди, на рузмаринот, на маслинките, низ нивните сенки, со боите на божилакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зад мене беше Манастирот Свети Наум во Македонија, врз чиј црвен ќерамиден покрив шеташе гордо паун со раширени крилја со сите бои на божилакот, надополнувајќи ја убавината на библискиот пејзаж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)