на (предл.) - богатство (имн.)

Веруваа дека знаците од натписот испишан на височина главоломна имаат волшебна сила и дека оној кој ќе ги растолмачи ќе стане сопственик на богатства неброени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој сѐ уште мислеше на богатсвото, наместо за длабоката среќа на душата и за животната среќа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Записот некои го викаа камена книга, а некои Каџ Наме, што на јазикот нивни значеше „книга на богатствата“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакаат да го растурат. Му фрлиле око на богатството.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но јасно беше, исто така, дека зголемувањето на богатството се заканува со уништување - и во извесна смисла навистина беше уништено - на хиерархиското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие не му додаваат ништо на богатството на светот, затоа што сѐ што произведуваат се употребува за војната, а целта на водењето на една војна секогаш е да се обезбеди подобра позиција за да се поведе друга војна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, ни зголемувањето на богатството, ни профинувањето на однесувањето, ни реформите и револуциите, не ја доближија ни за милиметар поблиску еднаквоста меѓу луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистините што поминуваат низ тие негови инструменти, ми се чини, секогаш се добро измерени, рече тој и им се врати на богатствата на софрата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)