Зарем да нема никој свој во салата, блиски очи што ќе те храбрат кога ќе се јавиш на бината, што ќе се израдуваат повеќе од очите на сите присутни кога ти ќе излезеш, кога ти ќе рецитираш...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На бината проба хорот, а јас седам. До мене седна и Жења.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И јас се качив на бината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тргнав да се качувам на бината, народот веќе ракоплеска, а од зад мене иде некој глас, сѐ појасно го слушам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А јас, качена на бината, зборувам за претстојните борби, ,напред за обединета Македонија", гласот ми грми низ звучниците, ми се растура над цела Битола.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На бината се вртат балерините: ги усогласуваат движењата, ја совладуваат рамнотежата. Водат Ирина и Клавдија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дики продолжува да шизи на бината.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Вториот (Лижејќи си ги прстите): Ова не е вода! Некако ми е солено!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со звукот на фанфарите на бината се искачи Дедо Мраз придружен од снегулки, Снежана и седумте џуџиња, Штрумпфови и Штрумпфети, и Мики, и Мини, и малата индијанка Покахонтас, и разни шумски животинки - вистински свет на бајките...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)