на (предл.) - бесилка (имн.)

Беше сигурен дека ќе ги качат на бесилка. А ете ги пак во судот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Смрт!!! - На бесилка!!! - На три метри под ѕид!!! - викавме на цел глас и со стегнати тупаници се заканувавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Смрт!!! - На бесилка!!! - на три метри под ѕид!!! – не престаанувавме да ја бараме казната и бевме готови со сопствените раце веднаш да ја извршиме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така, едни разбеснети Турци, младеж - јас тоа не го одобрувам, ама се сторило - тие разбеснети Турци првин го ставиле на бесилка, а после го фрлиле во распален огин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ме нацрпува и ме крева в раце Горачинов и ко невеста ме внесува во кабината, да не сум ти тешка, му велам, чевлите ти се тешки, ми вели Горачинов, тоа е најтешкото на тебе, ми вели, а пред вратата аплаудираат и Силјан Лилјаков и Филип Хаџиевски и Ристо Коларов и Лазор Рогожаров, што ќе правиме ако нѐ разделат, му велам на Горачинов, ништо, вели тој, в затвор не можам да те изневерам, а на бесилка уште помалку, ми вели и ме легнува на креветот, којзнае дали ќе ме сакаш после, му велам, којзнае дали ќе можеш да ме сакаш,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали само за тоа што беше повредена нашата верба и достоинството на борец викавме: - Смрт!!! - На бесилка!!! - На три метри под ѕид!!! Дали само за тоа ги баравме нивните глави?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тој, тој... тој! - почна да вика татко му. - ќе заврши на бесилка! - Слушаш ли, на бесилка?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)