на (предл.) - бегалец (имн.)

Меѓутоа, сосем е точно дека дури со доаѓањето на бегалците од Белград во Софија во 1890 год. беше создадена основата на најзначајната македонска институција од тој период Младата македонска книжовна дружина што од почетокот на 1892 год. почна да го издава и својот орган „Лоза” на јазик со многу македонизми и со посебен „македонски правопис”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од постојните списоци на бегалците не се дознава кога точно пребегал самиот Мисирков, но во едно писмо од К.Мисирков и Гр.Хаџиташковиќ од 11.12.1890 год. до српскиот министер за надворешни работи се вели дека тие го напуштиле Белград „во месец јануари минатата година”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Облеката им ја раздадов на бегалците, поубавите работи ги изедоа молци.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По уморните клепки на бегалците им се лепеше сон и само со краен напор се совладуваа да не заспијат во длабок сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Насмеаната жена не само што ја наслика онаква каква што и самата се гледаше (негде длабоко во срцето), туку си направи и слика за себе, само што Пелагија требаше да ги одбере расфрланите зборови од татнежот и да се заклучи дека тетката Перса ( Името ми е Перса, рече) не била од секогаш сама, туку имала добар сопруг, името му било Панајот, бавчаванџија (Ми стопанствоно Острово половината беше наше), господ ги дарил со мома (Елена мајкин изгор, лична како тебе, мила), ама пустата војна ги однела и двајцата, и токму тука, на овој дел од разговорот тетката Перса ја грабнува малечката Пелагија и почнува да ја гушка и да ја бакнува, (Златната она на баба, дојди ми миличка да те помилувам!) и продолжи да кажува дека оваа малечка куќарка е голема за неа самата, а знае дека барала некое местенце за да се прибере со момичето, рече Оваа одајка од десно што гледа на страната на кај Острово ќе биде за мене, а оваа другава, од оваа страна, што гледа на кај зградата за бегалци нека биде за вас, и продолжи На кучево ќе му направиме куќичка во градинава! и ја отвора вратата сѐ уште стискајќи ја Пела на градите, ги внесува во претсобје големо колку нејзиното подрумче во кое се пулат четири врати и Пелагија нема време сѐ да собере во своите очи оти тетката Перса веднаш ја отвора вратата од одајката која со едно ама големо прозорче гледа на кај фабриката и на кај зградата на бегалците.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој не сака, како што коментираат хроничарите, да го мине Рубикон: бара враќање на бегалците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Останува последниот проблем, покренат во последниот момент од Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чинго бил во допир со еден нов говор создаван врз традициите на селото, врз мудроста на фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат говори на одделните занаети, говори на новата политичка ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на повратниците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од друга страна: озонскиот ѕид е пробиен пролетта без пролет од студ не се чувствува должината на денот оваа 1991 година ни една ноќ без војна и сѐ така: сликите без перспектива од којашто би изгледале стварите нестварно обичниот свет необично без контекст во којшто би прозбориле без светлост со којашто би нѐ магепсале а нема уметност, нели (!) агол на гледање ако нема ако нема прекумерност особеност ако не шушне духот ако не се поместат границите видливото; јазикот нагрден сетилото за говор закржлавено граматиката без усет за ред ој додо додо ле „со цел уривање на системот“ „во името на слободата“ „прашање на стилот“ „во претходниот ден“ „голем број на бегалците на исчезнатите...“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Освен тоа, дури и статистиката на УНХЦР не вклучува категорија на лица без државјанство (само на ‘бегалци, азиланти, внатрешно раселени лица’ и ‘другите засегнати’), додека „лицата без државјанство може да се подведат под секоја од овие категории“. (ibid., p. 18). 37 време на Сталинизмот (и нивните потомци) се вратија во Украина, повеќето од нив по изминувањето на крајниот рок одреден со законот за државјанство; како и Естонија и Латвија кои одбија да ги признаат своите руски жители како апатриди, иако речиси и немаат граѓански права. 45 45 За повеќе примери, види United Nations High Commissioner for Refugees Evaluation and Policy Analysis Unit, “Evaluation of UNHCR’s role and activities in relation to statelessness”, EPAU/2001/09, July 2001, 11. 38 4.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Историјата на дваесеттиот век меѓу другото е и историја на масовни движења на бегалци. Тие почнуваат со дезинтеграцијата на Отоманската Империја и емиграцијата на Евреите од Источна Европа на почетокот на векот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)