на (предл.) - бавча (имн.)

Се почувствува фат на човечка рака и, благодарноста на бавчата што ѝ пружам нега и што ја избавувам од заборавот, што ја враќам во живот, ми се искажуваше секој ден.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ВЕРА: Кога пак тато умре и беше продадена нашата куќа и бавчата, мене ми беше страшно навредливо, што некако како додатно се продава и сѐ, сѐ што беше во аглите на куќата и на бавчата потшепнато, на шега кажано и проплакано.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На овој муабет немаше аргументи да ѝ противречи, па прередувањето на бавчата за да се остави поинаков впечаток остана само пуста желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се разделивме тихо и забрзано се стопивме во сенките на бавчите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја држи, стисната меѓу колената, книгата што му ја даде Павле и чекаше да заврши часот за да истрча во дното на бавчата и таму да чита.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се почувствува како дел од универзалниот ритам што пулсираше во овој свет на бавчи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе ги извадам и кофите, зашто и така, од преголемата употреба на водата од водоводот за вадење на бавчите и градините околу куќите, лете повремено секнува водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)