на (предл.) - атом (имн.)

Си помислив дека ветерниците не би имало смисла да се сретнат во ерата на атомот и на високата индустрализација.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Хаосот се јавува дури и во наизглед простите њутновски системи каде што не постои одлевање на енергијата (ткн. Хамилтонови системи), какво што е движењето на ѕвездите во галаксиите и на атомите во молекулите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пред повеќе од 25 илјади години сме започнале со камени ножеви и на крајот на краиштата сме стигнале до делење на атомите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Суви заковани штици. Немиот крик расте и се заканува да го минира однатре, да го разбие на атоми.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ПОГЛЕД ВО ИДНИНАТА ...и баханалии во „Белжик жоаез“ АКО првата светска изложба во Лондон, 1851 година, билоа арактеристична со Кристалната палата, втората, во Париз, 1889, со Ајфеловата кула, третата, во Њујорк, со Трајлонот и Перисферата, тогаш сегашната во Брисел ја карактеризира Атомиумот - најчудната градба во светот, која симболично ја илустрира епохата на атомот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)