на (предл.) - атентат (имн.)

Под изговор дека се чувате од луѓето на Ѓорчета, вие ќе треба да исплетете околу местото на атентатот таков лавиринт, што тој никогаш да не биде во состојба да се извлече од него без наша поддршка и помош.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Властите можеле да ги дознаат бројот и имињата на извршителите на атентатите и нивните конкретни дела од самите преживеани атентатори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нека ве истовари на некое незабележливо место, далеку од местото на атентатот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во 1942 година е уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот висок полициски функционер во Скопје, озлогласениот Мане Мачков, казната е преименувана во доживотна робија која ја издржува во скопскиот затвор Идризово.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Добро. Сега слушај ме. Утре ќе настојувате тој по никоја цена да не добие ориентација ниту за местото на атентатот, ниту пак за куќава.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)