на (предл.) - аргат (имн.)

Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите - ден - с’лнце вишен високо ден - море ширен широко, с’лнце да запре, да стои и времето зачудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко - целиот свет да загрне!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ако излезеше да се прошета крај куќарките на аргатите и чифчиите кои работеа на сегашниот имот од Петрета, одеше со кренат камшик, небаре мутесарифот Мехмед Фаик-паша дошол на обиколка, и на сите им се обраќаше со „Господот наш Исус Христос да ни е на помош”, божем не знае каде се наоѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)