Светлина се растури и се разлеа наоколу, се подигна до таван, го осветли лицето и очите на Пандократорот; се пројаснија крилјата на ангелите и образите на светците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Услов е да бидеш едноставен, скромен човек, за да навлезе светлината на ангелот низ тебе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некогаш тука имаше едни млаки Една воденица зад млаките висока бреза среде гробишатата, бели коњи и песна на момчиња што надоаѓаше како молитва на ангели распејани по небесата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Подзамолче Ване Мицо, а Јордан Арето во молкот додаде: - Добро е што си се сетил на Господа и на ангелот пазител.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со години сестра Ангелина, троа по троа, заличувала на ангел (во себе и за себе), зашто единствено тоа и сакала да биде.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Запреа и кај фреската на ангелот за која игуменот им раскажа како зографот Трпо, пред да почне да го црта, долго време барал по околината модел што ќе му послужи за ангел.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но подоцна сакал да наслика и ѓавол како сушта спротивност на ангелот. И пак почнал да бара модел за ѓавол.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Најпосле нашол некој младич кој по сѐ му личел на ангел: бил личен, убав и со чиста душа. И го зел за модел.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нивниот бакнеж составуваше бујна срцевидна белина која наликуваше на ангел со раширени крилја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Креатура која ги пореметува паметните зборови на ангелите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Моите три... еднакво на мир Наутро отворам очи покрај моето сонценце, на пладне ме грее насмевката на ангелот мој, навечер ме заспива смеата на месечината.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
4. Господова рожба беше сето тоа: и преселбите и шумскиот од и псалмот што ѕунеше од мислата и омјазот на ангелот.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Земи ја розата, Цветот како исплетена боја - издлабена во здивот и плачот на дождот како висока градина - - изговорена на врвот од ѕвоното како последниот сон на ангелот воден по бездната на утрото.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Сјај Мрак Малтер Црковна икона XXX Те буди низ темјанот мислата на ангелот...
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И чекорите на анѓелот, горе во воздухот, оставаат трага.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Изгледа одбраната од Насилства не спаѓа помеѓу обврските на ангелите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)