на (предл.) - агонија (имн.)

Скулптурната маска на агонија на неговото лице не се стопи, но нова светлина дојде во неговите очи, а таа за неа беше како зрак сончева светлина што ветуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Миграции Наведнати за да ја допреме со рацете, со очите, со думата тонеме во безсознание сѐ додека не се привикнеме на агонијата лепливо индиго на амнезијата нечитлив препис акутна миоптија мултиплицирани глетки сѐ додека не почнеме да наѕираме тихи обриси да насетуваме смисла а таа, пес бездомник куче скитник шуткана натаму-наваму зависно од традицијата од стомакот во гушата, во душникот аурата, срцето долж стопалата по врвовите на прстите, ко подноктица сателитска антена inter-link, inter-face нешто невидливо нечујно светликаво мрачно мазно бодликаво нешто кое држи до себе и до слободата за да може да влегува и да излегува кога ќе посака, да лунѕа севезден ни таму-ни ваму разбиена идеално дома, не-дома таа, а не-таа своја, а не-своја секогаш кога ќе се разместат фигурите ќе се затнат вентилите огништето се згаснува наидува поларен студ - 51° Целзиусов пука филмот прскаат шавовите напукнуваат ѕидовите се прецртуваат границите се митари митот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)