на (предл.) - Христос (имн.)

За време на византиската епоха најмногу се шират рецептите за подготвување на баклавата, посебно таа со 33 кори, поврзани со 33 години од животот на Христос!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секогаш го милував Оплакувањто на Христа со што и тој мене милост ми возвраќаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Византиската гастрономија претставуваше продолжение на грчко-римската традиција заснована врз тројството: жито- лозје- маслина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Христос, кој се вратил на земјата, му вели: „Раководиме со човештвото на негово најголемо задоволство, за тоа човештвото ја платило цената на својата просечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И се пред очите на Христовите поклоници без Христа во себе, кои не гледаат во душите на верниците, туку во рацете и подавалниците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)