на (предл.) - сиот (зам.)

Ако свикнувал со мислата за смртта во текот на сиот живот, помалку би ја барал светлината на крајот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чудовиштето се доближува, козичката се исправи гордо со роговите, ќе се бори во името на сиот козји род, во името на овие кутри козари слушатели на чело со Чанга, подобро да се бори отколку да ја изгуби слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еве, сега, кога најмалку ѝ требаше на сета земја, кога таа се ослободуваше од Сталина, луѓето од јужната република го измислија тој проклет Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А на сето друго му плукав и ги проколнував оние што ја измислиле неделата за одмор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Жанко одма се упати кон Серовски и на сиот глас почна да му се дере: - Серовски копанче едно америчко.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Бев фасциниран поради сериозните, но и хумористичките страни на сето тоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дишан темелно ги разработил реди-маде, и самото негово творење за него претставуваше еден вид рандеву: ...планирањето на моментот што доаѓа (тој и тој ден, датум, момент) за да се внесе нов реди-маде. 1916 година, тој напишал серија од четири разгледници, во кои ја следеше веќе постојаната синтакса, но, сепак ги измени зборовите, така што резултат на сето тоа беа реченици кои немаа никакво значење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби проблемот не е во нив, туку во Њутн, која не е во состојба да ја лоцира комедијата во извориштето на сиот тој урнебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми се чини дека сонувам – воскликнуваше Еразмо на сиот глас.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
– Да, ние треба да знаеме оти од учеството на сиот “концерт” може да се очекува големо неблагозвучје, помал притисок врз Портата, отколку што може да се очекува од работите на двете најмногу заинтересирани држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Врз основа на сето тоа што го реков јас за историјата на националните имиња што се имаат сменувано едно со друго, како и за причините за тие сменувања, ќе изникнат многу злоупотреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Една фасада да офарбаме, еден мост (клучен симбол на сиот, каков и да е, овдешен идентитет) да поправиме, 50 километри пруга да изградиме, да направиме улица, било што по ѓаволите! - не сме способни затоа што сме бедни и ситни малограѓани и профитери, без визија и концепт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, полека, во тие непрекинати разговори во вечерите, пред Змејка почна да открива еден сосема нов свет, што за сето време дотогаш му останувал скриен под самата поврвнина на сето она, што тој го знаеше како неменливо и како од бога дадено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Старецот зборуваше така просто, мислејќи на сето она внатре во човекот, и на неговата среденост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еднаш порано, додека оној најгорешто ѝ се радуваше на својата нова должност и на сето, што го имаше од неа, тоа беше толку незгодно, што Змејко еден од тие денови за малку што не му пристапи на стариот да му рече да си биде мирен за тоа, дека кај него е сè во ред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А оној продолжи и сега да отскака исто како да не се случило ништо, цепејќи ја белината на сиот оној простор нагоре, пречекорувајќи и по десетина метра во еден заграб, додека земјата подмолно протатнуваше од секој негов скок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сѐ друго ни е познато на сите нам, на секого од нас поодделно, и на сиве заедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тие неколку невини и копнежливи љубовни погледи, додека мајката, кинејќи го со заби конецот го крпеше Десимира, се изроди сета идна несреќа на чупата и на сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Митра беше најпрва убавица во Потковицата и околните населби, гордост на сиот сој Ризески и посебно на татка си Анѓелета, а овој Алексо, може не по своја вина, имаше искршкан живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во време на аграрната реформа, во 1924-та, што ја спроведоа Србите по повторното завладување на Потковицата, на чифлигот Јаузоски и на сета најубава земја населија четворица Срби, солунци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа одредуваа еден од делениците, тоа најчесто бидуваше најмладиот од браќата, кој да биде непосветен од Организацијата и кој да се грижи за доброто на сиот сој.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нам не ни допушта местово да ги изредиме сите ваши филолошки и етногравски блујаници, со кои обилуваше вашата статија, и сите гнасотии и клевети што ги упативте не само на егзархијата туку и на сиот бугарски народ и да ви покажеме кој пцуел вие или ние.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Притоа воспитачите, и самите малку земени, на сиот глас викаа: - Ајде летнете, копилиња! Летнете де!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Безброј пати на партиските собири и на спонтаните демонстрации таа викаше на сиот глас, барајќи смрт за луѓе чии имиња никогаш не ги беше чула и во чии наводни злосторства ни најмалку не веруваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Така е“, рече бегот со воздишка. „Така е. Книгите се умот на сето глупаво човештво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меѓутоа сведоците, како што се прави со шеријата и според шеријатските прописи за сведочење, кажаа друго: навистина Исхак-бег уште жив, бил самиот на сиот овој имот мутевелија и сопственик, но по себе го определил за мутевелија почитаниот Иса-бег, а по него неговиот најдобар син, по кого да се наредат најдостојните синови на нивните синови. И толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ох, колку беше убава таа вечер. Ја тераше да заборави на сите грижи. На сето лошо што ѝ се случуваше до скоро. На она неизвесно што претстои.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но на сето тоа му дојде крај, кога еднаш жена му на Оруш, случајно или намерно дојде во плевната; виде дека вратата е одвнатре заклучена, ѕирна низ цеповите и ги забележа на сеното.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На старата и крупна жена ѝ дојде да вресне на сиот глас Ова не е на арно! си помисли, и празната врата и снагата на Костадин пак се направија во неа и ѝ ја сопнаа мислата, ја запреа да се претвори во глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како резултат на сето ова на крајот се добило тврдење кое веќе не вели: „Ова тврдење од теоријата на броеви е лажно“, туку: „Ова тврдење од теоријата на броеви не може да се докаже“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А во шоуто Бил со невиден шарм, духовитост и сарказам мама ебава на сиот можен регрес и репресија, малоумни предрасуди, ретардирани заблуди, политичка подлост, јавна злоупотреба, масовна глупотија... односно, со сите криви Дрини на вечно правата Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Со уште еден поглед се увери дека е сам, потоа повторно се наведна и нежно држејќи го стапчето, со лесни потези на раката започна да го работи она што тој најдобро умееше од сѐ на сиот свет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но не само на Белогардејците. Кафеаната беше собиралиште и на кодошите, на агентите, на уличарите, така да се рече на сиот џган. И не само на оној, градскиот џган.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А чекај! Ќе види тој! Уште еднаш...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Му дадов збор за довечер.. Не може повеќе: го изеде жив срам од луѓето.. за мене... на сета негова добрина...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јас врескам на сиот глас, им укажувам на опасноста што демне и на пропаста што набрзо ќе следи, но тие се држат за стомак и паѓаат од столчињата смеејќи се.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
БОЖО: Еве ти ортак, Кристина. Уметничка душа. Вашата сорта не се трезнеше, се тртеше кај ќе стигне со кого ќе стигне и прдеше на сиот нормален свет.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Единствено сакам да одам дома, размислуваше. И да заборавам на сето ова.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади од позадината на сето тоа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мора да се одбере, инаку ривалските универзуми ќе се преклопат и самиот концепт на просторот ќе исчезне. Дали ме следите?“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Ведан и Величе се сакаат! - викаше на сиот глас, бегајќи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Сакаш да си немаш сестра, а? - почна на сиот глас да се дере.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Направив драма и за жив срам плачев на сиот глас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)