на (предл.) - нечиј (зам.)

Оставена на милост и немилост. на нечии туѓи зборови, туѓи прегратки, нечии чувства и нечии бакнежи, кои не ги прифаќам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Андерграунд уметникот не е инфициран од трикот на мудреците да им биде записничар ниту го интересира да биде апологет на нечија тиранска биографија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Особено не беше јасно што точно се подразбира под „среќа“: еднаш тоа беше куп статистички параметри кои би требало да укажуваат на нечија благосостојба, висината на просечна плата или парот чевли по глава на жител.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таму еднаш ја најдов својата мачка, дополу смачкана од тркалата на нечија кола... но, тоа е стара и, воглавно, позната приказна...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Што признава овој заумен белег на челото, на коската, ова изгаснато огниште, овој избледен ракопис на нечија мисла, Што сака да каже овој скаменет глас?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со усни садев нежност на нечиј грб припиена.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Пуштаат стомаци избегнувајќи ги скалите, јадат смрдливи сендвичи, пушат цигари, се муртат земајќи воздух при укањето на нечии нееманципирани потни жлезди.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А можеби ова е само нешто што како материјал ти треба за кога одиш на нечиј погреб да се потсетиш колку да плачеш, нели, според тоа колку тие некои плачеле кај твојот близок на закопот! Заради реципроцитет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во ушите ѕунат хаосни гласови, некоја далечна мелодија се раскинува од џагор, тропот на наланчиња по калдрма, нестројно тешко удирање по наковална и тивко пеење и страсно шепотење на нечии познати усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Замелушен од тешкиот, сега јасен жиг на настанот, од планинската самотија, од неизвесноста, се чувствуваше како ненужно црно стебло на нечиј пат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Или, за да ја доразоткрие вистината за нејзината нова врска! Нешто начул- недочул, или наседнал на нечија приказна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
6.  Штета е намалувањето на нечиј имот [обична штета] и спречувањето на негово зголемување [испуштена корист], како и нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв [нематеријална штета] (чл. 142, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)