меѓу (предл.) - наш (прид.)

Меѓу нашите ученици прозрни и една ученичка, едно женцко дете седна на скамијата и сака да учи книга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бев учител во Солун, меѓу нашите луѓе го ширев нашето славјанско писмо, но сега бегам оттаму, Фанариотите ме наклеветија дека сум ги бунтувал луѓето против султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете затоа, нашите политичари кога ќе сфатат дека го осиромашуваат јазикот со зборови што немаат значење, бараат поткрепа кај личности: меѓу политичарите од странските политички сцени, меѓу нашите неимари на уметноста (интерпретатори на народна, забавна и класична музика), меѓу луѓето од спортот (голгетери, кош забивачи и др).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Григор веќе ја врти урката со јајцето, обесена на конец. Го шета јајцето меѓу нашите лица, пред нашите усти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)