Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)