меѓу (предл.) - машко (имн.)

Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, дека во концептите очигледно настанува хаос (хаосот е етер!) доказ е и пробивањето во материчниот простор на подрумот (кој служи и за „оплодување“, точка на средба не само меѓу внатрешното и надворешното туку и меѓу машкото и женското, а што можеби е едно те исто?!) на младиот господин Робин, уште еден сперматозоид во беспоштедното умножување на одрази, знаци и медии?!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)