меѓу (предл.) - себе (зам.)

Во историјата на овие краишта не се паметеше поголемо разбирање меѓу луѓето и животните: никогаш луѓето од овој град не биле толку блиски меѓу себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некаде сум прочитал, ми се чини кај Јурсенар, дека човек што страсно ја сака вистината или барем точноста, многу често може да забележи, како Пилат, дека вистината не е чиста и дека, најпосле, линијата на човечкиот живот не се состои од една хоризонтала и две вертикали, туку од три синусоиди извлечени во бескрај, постојано приближувајќи се и оддалечувајќи се меѓу себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Час подоцна, за тоа ѝ пишав и на Агна: „Луѓето во Маказар, такви какви што се, гневни, а некадарни да го преземат она што треба и во часот во кој што треба, можеби заради долгата историја на исплашеност, се јадат меѓу себе како шкорпиите што си ја јадат сопствената опашка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Копај“, му велам јас, „сакал господ јас и ти да се поврземе меѓу себе со копање“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да не се закачиле нешто? Шепотеа, шепотеа меѓу себе и ги снема… (Пауза)Пак некоја комитска работа кројат!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Можело, на пример, поради каква да е причина да не дојдат тие двете на изложба, или да дојдат дури откога ќе биде затворена, или да намине само девојчето, во кој случај изненадата полесно ќе се изживееше, зашто немаше да се гледаат меѓу себе ужалани и немошни пред уште една навреда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Зошто ја запалил? Што му текнало тоа да го стори? - шепотеа жените меѓу себе. Но ние молчевме. Молчевме и долго му мавтавме со насолзени очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во почетокот на оваа учебна година учителот веројатно насети нешто и ни наредни повторно да ги прередиме клупите и да се разместиме меѓу себе: - Не сакам да чујам за тие ваши поделби: горномаалци, долномаалци, - рече намуртен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се погледнавме меѓу себе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тргнувам од сознанието дека ниедна од двете половинки на целото не е иста со другата. Тие меѓу себе се само - комплементарни. Како Адам и Ева; како идеално на две пресечено јаболко; како 1/2 + 1/2 = 1.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И уште кога ги симнаа сакмите и се прогледаа пушките, тие почнаа да се гледаат меѓу себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
" — и се распрашаа меѓу себе кој со кој војвода е дојден, та падна збор и кој како се вика.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четниците, засолнати зад карпите можеа веќе да ги забележат претстражите од потерата како се вовираат низ честарот, собрани во групички по три четворица, но држејќи врски меѓу себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Верниците се собраа заедно. Се посоветуваа нешто меѓу себе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тука, пак, во Торојца, во 1901-та, започна еден чуден бој, војуваа меѓу себе штрковите и орлите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Први на тоа се досетија војводите, а најпрв Најдо Акиноски, се здоговориле меѓу себе и тргнаа од глава до глава на домаќинствата да ги наговараат да се согласат да стапат во колектив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добра ноќ, изговараат по него главите на сојовите кои живеат и работат кај него, на неговиот имот, и поздравувајќи се меѓу себе и со Васила Митрески, тој останува пред Северна порта за да ја затвори, си одат дома си, капнат а и од умор и јадосани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Различните конфесии не ги разделувале меѓу себе, а ниту туѓинците не можеле да ги раздвојат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Митре и Коте го фатиле челното место на огништето и поднавалени на перници пушат; жените нешто си прикажуваат меѓу себе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Луѓето кои поминуваат покрај, застануваат за миг, вртат со глави во знак дека не разбираат што им зборувам, меѓу себе разговараат, дигаат раменици.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако религиозните пропаганди се постараат да му попречат на здружувањето на македонската интелигенција и македонскиот народ меѓу себе, тогаш првото нешто што ќе потреба, тоа е да се образува во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква, т.е. да се востанови Охридската архиепископија што ќе биде „Архиепископија всеја Македонии“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во Македонија нема јазик, ами има многу наречја различни меѓу себе, но сите сродни со бугарските наречја и со нив составуваат една целина – бугарскиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие се разликуваат меѓу себе само по начинот кој да ја постигнат истоветната цел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонската интелигенција секогаш кога е надвор од своите официјални работи треба да зборува меѓу себе на централното македонско наречје /велешко-прилепско-битолско-охридско/, кое ќе треба да се воведе во сите религиозни и национални пропагандни и турски училишта како задолжителен предмет.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа македонската интелигенција треба да престане да се однесува меѓу себе со недоверба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие јазли, т.е. држави, според силата што ја имаа кога се образуваа, си ги разделија меѓу себе сите колца – племиња и наречја на јужнословенскиот етнографски синџир и ги крстија со нивното име. Јазлите како свој центар си го имаа носителот на националното име; со зголемувањето или смалувањето на политичката моќ на носителот на националното име и последново се раширува или се смалува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нам ни треба внатрешно обединување меѓу себе: не ни требаат во Македонија ни Срби, ни Бугари ни Грци, зашто не сме ни едното, ни другото ни третото; не ни требаат патријаршисти, егзархисти, зашто ние сме само православни христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога историската неопходност категорички ни изјавува: Македонци, или соединувајте се меѓу себе и отцепете се од другите балкански народи или гответе се за дележ на нашата татковина! – сите искрени патриоти Македонци ќе го примат првото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Девојките што гледаа во штандот со книги разговараа меѓу себе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во текот на изминатите сто години Анри Поенкаре и неговите интелектуални ученици согледале дека доколку еден систем се состои од само неколку дела кои меѓу себе силно заемодејствуваат тој систем може да пројави непредвидливо поведение. Со тоа тие ја откриле теоријата за хаосот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најсетне се обложиле: кој ќе излезит прав, да му ископат очите на другијот: ако излезит поарна праината, тој шчо бил од к'де неа, да му ископат очите на тој шчо бил од к'де кривината; ако пак излезит поарна кривината, тој шчо бил отк'де неа, да му ископат очите на оного, шчо бил отк'де праината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си биле двајца братја. Тије секога се карале меѓу себе за праината и за кривината, која је поарна, дали праината или кривината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А тие двајца во неа беа останати сами за да си свршат меѓу себе некоја своја работа во четири очи, како купувач и продавач, како купувач и џамбас, а тоа, наеднаш, беше всушност толку просто, така што дури и тој сега ја сфаќаше сосема добро упорноста на мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На неразбирлив и невидлив начин затворениците се групираа меѓу себе и му дава на секој кауш посебна физиономија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа јас добро го видов на фронтот: додека траеше затишјето меѓу нас и непријателот, тие рикаа во шумите, се давеа меѓу себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крај езерото каде што просторот е тесен, куќите се стиснале, се надјавнале една над друга, се туркале меѓу себе која подобро место да заземе, која понапред да излезе за да има што подобар поглед на езерото; другите се распрснале по околните места како солзи господови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Утрината наоѓавме исклани ѕверови меѓу себе”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И нив, како и луѓето, ги тера некоја сила да се бијат меѓу себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бре, какви ненаситници сме, велеа луѓето, го истребивме езерото; се пцуеја, се обвинуваа меѓу себе, но штом ќе чуеја дека пак бучи езерото, дека пак дува југот, скокаа од сон, се будеа и трчаа крај езерото да видат да не се повторува истото чудо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нека се намрсат, еј!” И тогаш, прозваниот, кој цел ден го слушаше потсмевот во грб од сите нас кои шушкавме меѓу себе поттурнувајќи се со лактите, се потпре на оградата на балконот и се развика: „Коју песму да ти запојем по жељи, маму ти твоју!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И заедно чиниме погледај, погледај нагоре во пилиштата, во небото, па наведни ги очите и загледај се меѓу себе. Како ѕвериња на тесно сретнати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали сватиците го водеа зетот меѓу себе, вели, дали месачките имале чисти нокти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се разлазале низ шумата и се забидуваат меѓу себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто зборуваат, не се гледаат меѓу себе, а меѓу себе зборуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сите уплашено се гледаат меѓу себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сонцето не се гледа, а и луѓето не се гледаат меѓу себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нагаѓаат така жените, нагаѓам и јас, се лажеме меѓу себе, се тешиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега не ни се плашат, вели, оти се колиме меѓу себе...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Борис Калпак му ја подаде пушката на Чучук-Андреј. „Заповедај, синдраку, да си ги измериме гробовите. Рацеве ми се празни.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонував зелено: гробишта со зелени крстови, на тие крстови зелени врани се кикотат со човечки глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нѐ бесат и самите се бесиме меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, сполај ти на правдината што си ни ја подарил, липав во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекајте“, застана меѓу нив Онисифор Проказник. „Меѓу себе ли ќе се колеме? Ајде, Никифоре, ќе се помолиме на гробот Неделков. Погледни, луѓето чекаат некој да му ја испрати душата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие му го слушале болното завивање и ги гонеле ребрестите ѕевгари, сега дваесет и петмина со еден на носилка од две долги габерови стебла и од черга, сите сенки со душа и со дваесет запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се шегачеа меѓу себе. Сѐ им почнуваше со зборовите „си беше еднаш еден Банаќанин...или Бачканин и така тој...“ и секогаш шегата завршуваше со потсмев на оној вториот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако ги всадија вземи четирите џиновски нозе, железната мрежа сепак продолжуваше да расте пред очите на сите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во почетокот, ретко разговаравме меѓу себе, можеби затоа што се бевме заколнале дека ќе ја чуваме тајната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Момчаците шепотеа меѓу себе: - Не заспивај, Додо ќе пее.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Жителите на градот, сите со тага во очите, не разговараа меѓу себе. Се разминуваа без поздрав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зато сме се држеле меѓу себе многу силно, сме траеле во многу искушенија, сме работеле како кртови и сме успеале да опстаниме со векови на то парче земја, таму на балкано.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тие задоволно се погледнаа меѓу себе и газда Таки рече: „Ќерко, така најубо се учи занаето. Не е сѐ само во училиштето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За да ги казни луѓето да не можат повеќе никогаш да се разберат меѓу себе, тој им одредил различни јазици, разделувајќи ги на сите страни на светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но можам да си претставам мали јазли на отпор, расфрлани овде-онде... мали групи луѓе поврзани меѓу себе, како постепено растат и дури како оставаат неколку документи зад себе, за да може идната генерација да продолжи таму каде што сме застанале ние.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трагедијата, забележа тој, му припаѓа на старото време, на едно време во кое сѐ уште имаше приватност, љубов и пријателство и кога членовите на едно семејство се поддржуваа меѓу себе без потреба да ја знаат причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но неочекувано сфати дека во целиот свет постои само една личност на која тој може да ја пренесе својата казна - едно тело што може да го постави меѓу себе и стаорците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше денови кога ќе се состанеа и веднаш ќе се разотидеа, чесно признавајќи си меѓу себе дека навистина нема што да се работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзините непријатели, ако воопшто имаше непријатели, немаа начин да се состанат, или дури и да се идентификуваат меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си замислувате, веројатно, некој огромен илегален свет од заговорници кои тајно се среќаваат по визби, испишуваат пораки по ѕидовите, се препознаваат меѓу себе со лозинки или со некое посебно движење на раката. Ништо од тоа не постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора да подметне некое друго човечко суштество, тело на некое друго човечко суштество, меѓу себе и стаорците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа е како борбите меѓу извесни преживари, чии рогови се поставени под таков агол што не можат да се повредат меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партиските затвореници како да се плашеа да разговараат со кој било, а најмногу меѓу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Единствено што е важно во целата работа е тоа дека не смееме да се изневериме меѓу себе.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие се премногу изедначени меѓу себе, а нивните природни одбрани се премногу силни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие луѓе, кои потекнуваа од службеничката средна класа и од повисоките ешалони на работничката класа, беа оформени и поврзани меѓу себе од јаловиот свет на монополистичката индустрија и на централизираното управување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ефектот ќе беше сосем ист доколку трите супер држави, наместо да војуваат меѓу себе, се договореа да живеат во траен мир, секоја од нив незагрозувана во своите сопствени граници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одејќи зад баба Петра Ѕвезда се приспомнува за сказните што баба ѝ ги кажуваше во зимските квечерини и долги ноќи до огништето. За зверушинките коишто меѓу себе се пазат и почитуваат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зад брегот се гледа еден дел од планината по која се издигаат огромни дрвја на бука, цер, благун, јаблан, сладун, и кои често го поземаат чадот од дувалото и го разнесуваат меѓу себе - траг да не му остане.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Добро утро, сестрице Митро! — Ја поздрави Доста Митра, на која ѝ се стори овој поздрав необичен, оти нашите селани и селанки ретко се поздравуваат меѓу себе дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога поминаа пред конакот, ја видоа мудурот, мулазимот и некои чауши, па си велат меѓу себе: „Бак, бак, ѓузел ѓелин", и му остана на стариот мудур Рождонката во умот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Земаа на вересија од аништата по неколку сомуни леб, но прво си го делеа сејмените меѓу себе, та што им престануваше им даваа по некој залак на сужните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вооружени со по еден голем стап ја држеа дисциплината кај бесните атови и бикови, кои често се клоцаа и бодеа меѓу себе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коњите сега ослободени од каскањата и затегањата на уздите или удирање по мевот од петиците на полковниците - започнаа веднаш да прават немирлаци меѓу себе: да се душкаат со муцките, да се подгризнуваат за вратовите или да се потчукнуваат со колковите што прислужникот едвај ги врза.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И другите жени од соседството зборуваа меѓу себе за тоа, денес.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се гледаме еден со друг. Ние сме Семјуел Метјуз и Рејмонд Мозес и Вилијам Сполдинг и Чарлс Еванс и Форест Кол и Џон Самерс и не зборуваме ништо туку само се гледаме меѓу себе во бледите лица и треперливите раце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потсвесно барав трнливи причини за да ја изневерам среќата, која или не ја заслужував или знаев дека не можам да ја достигнам (а и сенсот за тоа што навистина е среќа полека го снемуваше при помислата на индигнацијата кај луѓето, утилитарноста, хегемонизмот, ужасот и теророт во светов во кои сите ние преживуваме и меѓу себе се јадеме).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нешто си се смешкаа меѓу себе, а јас, иако не слушам низ нос, не можев да сфатам за што станува збор.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ме слуша како ѝ кажувам дека е шмизла и легнувам да спијам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Војниците гледаат шашливо во нас и гледаат меѓу себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се потпираат меѓу себе и мавтаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се погледнаа меѓу себе и се ослободија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето се погледнуваат меѓу себе, готови да го фатат излезот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
С новим годом, хроња пола, си викаме меѓу себе, им викаме и на стражарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние и меѓу себе си велиме така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И се лутеше, пцуеше, жолчно се расправаше со другарите кога слушаше дека таму „горе“ како што се велеше - големците се караа меѓу себе, се обвинуваа и се клеветеа, се распоредуваа на оваа или онаа страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Усети и глад. Однекаде, како под земја, Мече дочу кркорење – тоа цревата се караа гладни меѓу себе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Необично е важно во тој период децата да се блиски со родителите и многу да разговараат меѓу себе за сѐ.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Затоа пазарџиите првин се спогледуваа меѓу себе, оџагрени и препалени, со големото прашање во уште поголемите очи. Кој, кој?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Двете момчиња, избезумено и без збор се погледнуваа меѓу себе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ги слушав двајцата како се докажуваат меѓу себе и се чудев како сериозно беа внесени во својот мафијашки филм.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)