Најдобро би било и јас да ѝ се насмевнам, да ѝ покажам дека ја разбирам, но место тоа јас ги спуштам очите и -о ужас! - гледам дека место мене ѝ се смешка некој друг, и тоа е мојот десен чевел.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Место тоа, сега рече: „Слушај, Симон, треба да видиме за имотот.“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Забележа дека ја намести устата како да ќе затруби но место тоа, место претчувствуваниот звук, чу прашање: „Не ми рековте - женет ли сте?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Место тоа сега се’, и работата на бригадирците, и каналот, и она блато што светкаше на сонцето како мало езеро сред непрегледната зеленина на полето му се виде неинтересно, бесмислено и глупаво.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Место тоа државата отпушта многу пари, ја помогнува нашата Задруга, од сето тоа можеше да се направат многу убави работи, само да имаше малку поинаков квас во себе, она кучкино копиле, или да беше некој друг на негово место.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Место тоа, се муваат по платформите, зјапајќи во просторот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мажите се голи до појас, жените по долна облека, многумина дури и се откажале од обидот да танцуваат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но место тоа, тој запеал олцкаво и без зборови, со невиност во срцето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури и Онисифор Мечкојад со почит ќе гледал во него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Човекот, не вртејќи се, се готви да воздивне, но место тоа шмркнува само.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)