крај (предл.) - негов (прид.)

Куршумите просвиреа над главите на Шаќира и Јована и удрија во ѕидот во одајата, а тие што не погодија во прозорецот удрија во болмето под него и околу него, и од секој куршум се отвори по една дупка колку човешка глава да се протне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А, така ли е работата? — се провикна искусниот чауш и го фати каленцето крај неговите заптии и издаде заповед.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Грстот песок крај неговите нозе само за миг ќе потемни од палавата капка мастило што бегајќи од перцето веднаш се впива во ненаситените усни на песокот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се провре низ оградата и влезе во градината, се растрча, а по некое време дојде до борот сред градината и почна да копа крај неговото стебло.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога мачката протрча крај неговите нозе и се изгуби на улица, напнатоста од рамото се спушти на нозете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Другиот чекорел крај неговата двоколка и молчел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Заколни се дека без таа пушка ти е тешко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Цела ноќ Пелагија пробдеа крај неговата глава не кревајќи ги очите и не шетајќи ги по присутните, а и од присутните никој не ѝ се обрати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Проклет да бидам, се спушти крај неговото постелче, видовме рака му стави на челото, нежно го помилува по осакатеното лице.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во меѓувреме тој секој ден од продавницата купуваше по една конзерва кога месна, кога рибна, а понекогаш по две паштети зашто во продавницата имаше само од помалите, а исто така, на неколку дена купуваше по еден фишек хартија полн со стотина грама шеќер со коишто го прихрануваше смокот населен во меѓувреме во скребите од фурната крај неговата куќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Иван гледаше во една мравка што лазеше крај неговата рака и со сува тревка ѝ го сопираше патот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)