крај (предл.) - огниште (имн.)

Крај огништето седнал Карабуклијата со некој комшија, го спотиња оганот и вика по снаа му да донесе борина да види кој дојде по мракот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа си седи под огниште и си го држи помалото детенце, додека постарото веќе заспало на плочата крај огништето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Есени, сам крај огниште Распретуваш нешто во пепелта, си мислиш, Гледаш како се буди огнот, како разгорува, Како се исполнува мракот околу тебе со илјадници искри, Како се искачуваат тие потоа по полиците, Меѓу дуњите, меѓу јаболките, И како згаснуваат уште при првиот допир Со синџирот што виси над огништето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Затоа пак светот женски крај огништето, павта и везден ја разгорува силата на жарот што тлее, оти огинот сам пат си отвора: додека сѐ пепел да се стори, за жената има надеж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го запали и малото газјениче, кое многу ретко, во исклучителни случаи се палеше, зашто инаку и немаше потреба, ја стави крај огништето и сета расположлива борина, која служеше за потпалување, а и за осветлување кога по темница требаше да се појде надвор, до стреата или до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стана, пресече едно долго парче леб, го стави врз плитка земјена чинија и седна крај огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стрела лежеше крај огништето сета испокасана, искрвавена. Тихо квичеше и трепереше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа стави во него малку ракија од буренцето во аголот и, седејќи крај огништето, се соблече до половина и колку што можеше побрзо, и колку што можеше поубаво се намачка со ракијата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На поличката над огништето секогаш имаше кибрит, крај огништето секогаш можеа да се најдат суви дрвца за потпалување и борина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со компирите што му останаа ја нахрани Стрела, која, сѐ уште исплашена и истоштена, лежеше крај огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во зимските ноќи долго, мирно спиеше, склупчено на леглото од гранки, лисја и мов, што ѝ го направи крај огништето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Легни си крај огништето и сонувај ангелчиња. Ѓумето не е за тебе...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше есенска вечер, студеше, а јас зачитан седев крај огништето и со песните за Крали Марко ја шетав Стамболската чаршија, влегував во ладни меани, делев јуначки мегдани...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Само уште дедо Бошко седеше крај огништето во големата чадлосана одаја со земјено душеме и чепкајќи го лулето што го имаше допушено, нешто си мислеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Вие ништо не знаете, вели Јон, вие не сте го мрднале газот од крај огниште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)