кон (предл.) - љубов (имн.)

Цел живот копнеев песната да се сврти само кон љубовта. И кон страдањата, се разбира.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Духот на оваа почва, конечно како и сѐ друго, расте - нагоре.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, исто како што едно кампско гледиште на семејните судири овозможува став кон силната емоција што се отуѓува без да биде ниту скептичен ниту редуктивен, така и ефектот на свесно живеење на сопствениот љубовен живот како мелодрама значи негување светоглед кон љубовта кој е расчаран, но не и разочаран.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е погубен за љубовта, камп-сензибилитетот е резултат и израз на самоспознанието на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Визијата за љубовта на геј-културата не е цинична.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да знаеш дека болката ти подлежи на исмевање, а пак да не престанеш да ја чувствуваш – и да ја пригрнеш автентичноста како иронично средство за оспорување на туѓото полагање право на сериозност, со што ја предизвикуваш вткајаната логика на општественото обезвреднување која ја тривијализира болката на несериозните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите иронични преупотреби на мелодрамата не ги оспоруваат казнените осуди од елитното општество на тој неугледен поджанр, туку свесно ги прифаќаат, а на нужно претераната изведба на чувствата што се сметаат за патетични ѝ го навлекуваат општествениот презир на кој таквите изведби и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неудобно мелодраматичниот етос на машката геј-култура ја објаснува големата вредност што таа им ја придава на извештаченоста, на изведбеноста, на неавтентичноста, на кампскиот хумор и на расчараното (но не и разочарано) гледиште кон љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Заземајќи ги, при што иронично ги редефинира, општествените улоги и значења што традиционално им се припишуваат на жените, машката геј-култура дава една својствена, иманентна општествена критика и создава карактеристичен, но препознатлив, облик на политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека за тоа нема да кажам ништо, бидејќи тука е вклучена и една друга личност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во оваа книга јас наведувам одредена литература, но поголемиот дел е базиран на мојот личен однос кон љубовта.  Дали, тогаш, книгата е инспирирана од неверството во вашиот сопствен брак?  Тоа е мошне деликатна тема.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)