кон (предл.) - ѕид (имн.)

Станав и се упатив кон ѕидот, сѐ уште наведната поради досегашната, свлечена положба на телото во која се најдов кога се вратив од таму каде што бев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Чекаше да се увериш дека под челнава коска не ми е сѐ како што треба.“ Полека го притеснуваше кон ѕидот на долгиот ходник и шуштеше несовладиво со силина на зовриена вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Еве бршленов... - покажа со раката кон ѕидот на црквата по кој беше изнафаќан бршлен... - Бршленот го спасил Исуса Христа... Полковникот го погледна заинтересирано.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Свртен со лицето кон ѕидот Арсо се мачеше да заспие. Немир му ги зафаќаше мислите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо се намурти. Си го сврте лицето кон ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Презриво се свртува со лице кон ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Луѓето само се подзавртеа и почнаа да се завраќаат назадгазум кон ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Секој е пророк во своето место”, помислува додека насмевнат од овие лажни спомени што се случиле само во неговите желби, лежи на својата постела, свртен со лицето кон ѕидот и со грб кон својот цимер кој дише воедначено, и како и тој - Виена, го сонува својот дом не во сегашниот, сив и заканувачки замолчан, ами во еден друг, отворен и радосен, кралскоцарски Загреб.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сеќава како, иако не многу опитен сепак внимателен, внимателно одговараше на прашањата од новинарот Зимха Зајден, обликувајќи ги одговорите така што да зрачат со скромност, камуфлирајќи ја амбицијата, а едновремено, пред читателите да ја истакнат неговата неповторлива личност: „Јас бев активен како рабин и предавач во Берлин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Светлоста на кандилото од ѕидот ни со најмал зрак не му го допрела лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малодушникот не можел да му ги види очите на внукот и не можел да прочита во нив милост. Малоумнички во лежењето се потргал кон ѕидот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фодулчето се сместуваше покрај мене, со грбот се навалуваше на постелината што се виткаше кон ѕидот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Навистина никој не те виде? - праша по којзнае кој пат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа ми помогна да се помесатам кон ѕидот. -Сиот трепериш - рече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме свртеа кон ѕид и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И Зоки пак се завртува кон ѕидот и со своето јагленче црта многу, многу тркалца.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Нацртај го Фигаро! – вели Лидија. Зоки се завртува кон ѕидот и почнува да црта.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Ајде,“ реков. „Облекувај се,“ и се свртев кон ѕидот, за да не го видам доктор Фројд по гаќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоевме веднаш до “Распетието”; на него немаше никакво ветување: на лицето на Исус само помирување со ужасот, на лицето на неговата мајка – ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рече: „Ана веќе нѐ чека.“ Се свртев кон ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По некое време тој рече: „Готов сум.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им заповеда да се свртат кон ѕидот од оградата, терајќи ги да ги кренат рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не можев да се поткренам. Дури и да се свртам кон ѕидот немав сила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се џарев во темнината. Очите ми гореа и ме печеа како тогаш кога имав сипаница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа, без да се свртува кон ѕидот, го запали светлото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)