кон (предл.) - часовник (имн.)

Тој се фаќа себеси како често гледа кон часовникот, станува нестрплив поради лифтот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Додека го гасеше и вртеше во купот згмечени филтери во пепелникот, безделно фрли поглед кон часовникот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Погледнувам кон часовникот. Електроник модел. – Морам да појдам – вели – ќе се качиш ли одзади? – Не, јас останувам – одговарам посигурно.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Но од жал кон часовникот, татко му набргу продаде нивче за да го врати часовникот назад.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)