— Ах, анани!... ах аврадини...! се провикнаа неговите другари и го напуштија постот, бегајќи кон црквата за да му се придружат на Расимчауш зад црквеното кале.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нему му беше сеедно кој ќе седне на него — само да го турне агата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе со своите четници ајдути влезе в село и се запати право кон црквата и конакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гробовите беа добри метеризи, но не за востаниците, како што беше во нивниот план, ами за аскерот. Се заврза борбата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури и критичноста на еден Буњуел кон христијанството (а посебно кон црквата) делува бенигно во однос на огромната субверзивност на Гринавеј.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој ден, кога намеравав да се качам на врвовите на Монмартр, предпладе, па и целиот ден, многу врнеше, па помислив дека на плоштатката нема да најдам никого од сликарите. затоа, вечерта се упатив по оние стари патеки од подножјето на Монмартр и пешки се качував по неколкуте стотици скали кон црквата „Сакр кер“ и отаде ми беше лесно да пристигнам до ова прочуено собиралиште на сликарите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Го поведувам кон црквата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Бргу се замешавме со други семејства што наидуваа од уличките и од сите страни кон сретселото и од сретселото надолу, по патот кон црквата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И огледало веќе не употребуваше при чешлање на косата за да не си го види лицето; па дури и на изворот кога полнеше вода со ѓумовите, не си го загледуваше својот лик во водата; кога врвеше низ манастирскиот двор кон црквата да се моли, минуваше со забрзани чекори за да не се сретне со погледите на манастирските слуги кои зрчеа во неа; и кога ќе минуваше крај чардакот каде што седеа полковниците, ја вртеше главата за да не ги судри очите со нив; но Бонети ја гледаше упорно и пред очите му излегуваше она нејзино прекрасно тело, кое тој во текот на епитимиите што ѝ ги правеше отец Иларион, ѝ го гледаше скришум низ прозорчето поткачен на столче; гледаше како отец Иларион ѝ го покриваше со покривката голото тело допирајќи ја со прстите по меката кожа што во студената ќелија ѝ гореше; го гледаше тоа голо тело, како и возбудата на отец Иларион кој се кршеше во себе и се мачеше да се воздржи, одложувајќи можеби за подоцна, кога ќе ѝ преболи болката, кога ќе се вразуми.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И ова утро полковниците се искачуваат со коњите по падините на планината над селото, додека селаните празнично облечени излегуваат од куќите и се упатуваат кон црквата Св.Ѓорѓија на утринска молитва да му се помолат на светецот за живот и здравје и да им помогне во спортот...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И се случи чудна, невообичаена, глетка: по едниот сокак кон црквата тргна поворката со мртовецот да се закопа, а по другиот тргнаа свадбарите со зетот и невестата да се венчаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Погледнав кон црквата. Околу неа тремовите изгледаа празно и студено. Кога има луѓе, се стоплуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се сеќавам како малечок, мојата нана, мајката на мојата мајка, ме насочуваше само кон Господ и кон црквата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Да, токму себе, од времето кога нана ми, држејќи ме за раката, ме влечкаше кон црквата, кон божјата помош.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Напој го му рекле на Татарот, и тој, зауздувајќи го коњот за да може да ги води, тргнал кон црквата и го преплашил со жуберкавата вода или со мртвиот поскок во коритото од бигор, го испуштил од раце, останал сам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога се врати во станот, не отиде право кај Сандра, туку низ прозорец ги набљудуваше нејзините како си одат со свечен чекор кон црквата во далечината.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сепак, со крајни напори се облековме и тргнавме кон црквата за да се причестиме а безброј пати до црква седнувавме за да се одмориме, па така фустаните нови ги направивме бербат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога се развидели, луѓето тргнаа кон црквата, но попот ги пречека чудно: не ги правеше оние вообичаени движења пред да започне со богослужбата: ставање петраил, земање кадилницата, стоење извесно време свртен со грб кон народот, а потоа со лицето, ставање молитвеникот на сталката, отворање на книгата, прекрстување и започнување со читање - туку застана пред олтарот загледан строго кон луѓето како судија во судница и почна луто:
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)