кон (предл.) - хоризонт (имн.)

Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Четири, пет години подоцна, детето сосема добро се запозна со бронзената статуа на загинатиот поет, со книга во десната рака прилепена до градите и левата крената кон хоризонтот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отпрвин раздвоени, а потоа држејќи се полека се губеа кон хоризонтот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа гледавме во „Распетието“, во лицето на Исус на кое има само помирување со ужасот, во лицето на неговата мајка полно со ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еве, ова го очекуваат луѓето од религијата – ваква родителска заштита,“ рече Зигмунд, покажувајќи кон сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Погледнавме кон сите страни, кон хоризонтите на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Помисли на својата мајка. Таа ќе го следи со погледот на мислата, сѐ додека не исчезне кон хоризонтот, зад границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зад колите остануваа само облачиња од издувните цевки; тие јуреа кон хоризонтот, кон своите куќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)