кон (предл.) - училиште (имн.)

Раното ги испегла и чист самозадоволно тргна кон училиштето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се облече со валканите алишта, ја зеде валканата чанта и за првпат се засрами што тргна по улиците и кон училиштето така нечист.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кметот и учителот им посакаа добредојде и ги поведоа кон училиштето за да ги одделат од луѓето што се натискаа околу нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луција беше возбудена: трепереше, не им веруваше на сопствените очи, велеше дека е тоа чудо; потем тргна од салата кон училиштето да раскаже што видела а јас ја стигнав на излезот, и одеднаш, без да знам зошто и без да знам од каде ми е таа сила, ја плеснав по задникот, сосема безобразно, оти ме беше опфатило некое победничко, раскошно расположение и ѝ реков: „Нека се качи на скалите така, ако може, твојот здрав народен дух“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но и од училиштето се отвори оган кон неа; трчаа луѓето да видат што е, но војниците не им дозволуваа да пријдат кон училиштето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Предајте се мамката ваша, викаа бугарските војници кон училиштето и сè посилно го опсипуваа со оган.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа ми ги завиткаа кориците во сина хартија, ми залепија една етикета и врз неа го напишаа името на моето девојче и со јадри букви - прво А одделение, моливчето го ставија во едно дрвено кутиче со шарени цветенца, а потем двајцата не ставија во нова кожена чантичка и појдовме кон училиштето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе ми паднат в рака... - го стутка книжето и со брзи чекори се упати кон училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога ја здогледаа писателката како брза кон училиштето, Томе и Темјана со отворени чадори се стрчаа накај неа: „Мили мои, да не сум доцна?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Надвор беше многу живо и сите брзаа кон училиштето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој трчаше кон училиштето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка појде во кујната со пастрмката и јагулата, а ние децата кон училиштето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)