кон (предл.) - тело (имн.)

Меѓутоа, ако ја отфрлиме старата дихотомија ум/тело, расцепот рационално/ирационално, мораме да се соочиме со импликациите за една свест којашто е интегрирана во смртно, минливо тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Англосаксонската традиција, денес можеби најплодна, за телото размислува како за проблем на релација body-mind.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако зборуваме за телото се сомневам дека Источна Европа е релевантна рамка во којашто е можно да се бара алтернатива за западната традиција на однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Посебно внимание кон телото денес покажуваат женските истражувачки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Интерактивното секс одело Cyber SM (1994) на Stahl Stensli и Kirk Wolford е приклучено на Интернет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Постојат тези дека идеолошкиот вакуум (чиешто постоење исто така е под прашање) доведе до инвазија на телото во тн. Источна Европа. Колку тоа е точно и евидентно?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 29 Гордана Внук ПОСТ-ПОРН МОДЕРНИСТКИ ЖЕНСКИ ПРИСТАП КОН ТЕЛОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ТВОРЕШТВО
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото еминентно е женска тема, не само внатре во феминистичките и „gender studies“, туку и пошироко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во телото се инвестираат различни когнитивни, аксиолошки и терапевтски логики чиешто копостоење е слично на харлекинска наметка, шиени парчиња кожа на Франкенштајновиот монструм, или на производите на психопатот од „Silence of the Lambs“ и облеката на „Cat woman“ во Batman. ÂÂ Да му се вратиме на Спиноза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Каква неправда кон самиот Орфеј, каква неправда кон телото!“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тетоважата осцилира од симболичен чин до револуционерство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стеларк од закачените тела тргна кон тела прикопчани на техника.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дури и по својот конституционен принцип (ребрата, што, прицврстени со нашиот ‘рбет, оформуваат повеќе од алузија на затвор со цврсти, поврзани решетки!), телото е непосредна асоцијација на кафезот, затворот, ќелијата. Стапица за птици!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потребата да се тетовирате станува опсесија, некаков вид племенски порив. ÂÂ Дали е променет вашиот однос кон телото откако дознавте дека сте ХИВ позитивен? ÂÂ Тешко прашање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Може ли кон телото како дел од бескрајниот континуитет на тела воопшто да се врзе единствен субјект? ÂÂ За Спиноза индивидуалното тело е комплексно; го прават многубројни индивидуални тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако мажите во своите концепции жените ги приближуваа кон телото оддалечувајќи ги од духот, кого го чуваа за себе, денес жените го грабнаа тој идеологем и го употребуваат како оружје во критиката на андроцентричниот и логоцентричниот дискурс кој се претставува како несексистички и општочовечки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оттаму, длабоката привлечност кон телото, кои неговите состојби и промени, кон остварувањето на допир со другото тело, кај мене извира само од љубопитноста на истражувачот за немирните игри на виртуозот Ерос.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се наведнав, и го тргнав чаршафот од прекриеното лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас продолжив кон телото кое лежеше на душекот на средината од просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа крикна и побегна кај мене; во образот на девојката црвено се беа втиснале два реда заби.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Еј брате, еј сестро!“ извика коњушарот, а два коња, со големи и силни бутини, се туркаа еден од друг, притискајќи ги нозете кон телото, ги веднеа убаво обликуваните глави како камили, па единствено со силата со којашто ги свиткуваа своите трупови тие се протнуваа низ отворот од вратата, што целосно го исполнуваа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ветрот им ги припиваше тенките униформи кон телата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бојс никогаш не успеал во потполност да најде соодветен однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како малку задоцнет свети Фрањо - во Бојс постои потреба за свето, чувство на длабока почит кон повеќекратните можности на живот - тој му држеше проповеди на животното и учеше од него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На некој начин, тој брзо го загубил своето топло чувство, својата љубов кон себе, карактеристичен знак на нарцисоидна повреденост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Жената исплашено сподави во себе крик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жената се доближи до работ на покривот над улицата и веднаш се стресе од вртоглавата замајливост на длабочината, напластена густо со квечерината, со недогледно дно, па се отфрли назад кон телото на мажот, удирајќи се во него и опрлувајќи го со трескава врелина и незапирливо треперење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Зошто стоиш тука? Не се плашиш... - Не. Од што би се плашел?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)