кон (предл.) - таван (имн.)

— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Циљка подигна очи кон таванот на земјанката и занемена трипати се прекрсти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И оттогаш штом ќе кренеше некој глава кон таванот - таа бездруго го предупредуваше: Пукнат е лустерот!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На грб, со отворени очи кон таванот кој сѐ уште поигрува во приливот на спарувањето, Ана, со топло поточе сперма меѓу нозете, му се насмевнува на својот драг, задишан фудбалер: „кога би ми бил брат... “.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ливајн ја остави книгата и ја згмечи цигарата во облогата од шлемот. Погледна кон таванот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се заврте кон нив и се протегна подавајќи ги рацете кон таванот. Високо е, откри. И широко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Господ за арно ја донел- рече Петре Даскалот и трипати се прекрсти превртувајќи ги очите кон таванот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ние сите се вомјазивме во лицата, ги обесивме носовите, а Петре ги состави рацете пред себе, ги преврте очите кон таванот и почна да се крсти со разлатни движења на десната рака.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Старецот: Дами и господа! Вечерва се собравме на ова прекрасно место за да му одадеме признание на човекот кој еве веќе 15 години (погледнува кон таванот), фала му на Бога, ја тресе и потресува оваа зачмаена средина! (Се слушаат извици на одобрување)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тој момент музиката престанува. Старецот го зема микрофонот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Скали што водат кон таван. Во десниот дел две сламарици.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го крена лицето кон таванот и помина со погледот по неговата белина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со десната рака минуваше по она што го гледав за првпат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги имаше распетлано пантолоните и ги имаше спуштено до над колена и гледаше кон таванот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рој искри полетаа горе кон таванот на воденицата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајката стои крај постелата и ме мами да дојдам; ја послушувам и, додека еден од коњите на сет глас ’ржи кон таванот, ја потпирам главата на градите на младичот кому му минуваат морници под допирот на мојата влажна брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако сум слабо платен, сепак сум дарежлив кон сиромашните и подготвен сум да помогнам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се накрева и подот кон таванот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од рацете на татко му една играчка отскокна кон таванот, зафатена од вителот што самата го направи, таму застана, а тој и брат му ја гледаа со ширум отворени очи како трепери, шумоли, пишти, слушаа како ги кажува нивните имиња. Рајт.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)