кон (предл.) - семејство (имн.)

Ќе се послужам со цитат од приредбата, на која една наша соученичка рече: „Марксистичката револуција го разурнува целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем направи една подолга драмска пауза, зазеде една особено смешна, надуена поза и продолжи: „Марксистичката револуција го разурна целиот духовен свет; љубовта кон татковината, националното чувство, односот кон историјата, кон семејството, минатото и иднината“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Без да дочека да заврши работното време, добро обмислувајќи како ќе им пренесе, се упати кон семејството на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сигурно, може и да грешам“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, револтот на Веда кон семејството е револт не само кон неговите вредности туку и кон самите услови и норми на хетеросексуалната женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги забрзуваше чекорите кон своите, кон семејството, кои сигурно беа загрижени поради неговото долго, непредвидено отсуство. XI Се вестеше крајот на фашизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цел еден живот беше за­прен во еден поглед, во погледот на Мајка кон семејството, кон децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зар не согоре Мајка во својот живот токму во љубовта кон семејството?!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше правична, беше возвишена во одржувањето на рамнотежата кон семејствата на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие биле сурово моралистични и фанатично религиозни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Семејството на мајка му Абигал било “традиционално, ориентирано кон семејството, сомничаво кон сѐ што е забавно, лекомислено, невообичаено”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)