- А сега свртете се кон ридот и по мојата заповед „напред марш“, појдете зад момчињата со шмајзерите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Срипаа и мажите, едни кон ридот, други кон реката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Преку поточето, низ буковата корија, се качуваше тесна патека, лазејќи кон ридот, кој се викаше Гола Глава, префрлувајќи ја височината преку еден превал.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Едно мало купче веќе видов над куќата, под патот што врви кон Стрелеско, на отворениот простор кон ридот. Но не се задржав да мислам на тоа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А тој зеде да се оградува. Ѕидаше од отворената страна кон ридот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Еден ден, сите кози исчезнале. Тие го следеле Чанга на пат кон ридот среде градот, со познатата тврдина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сонцето пламна на хоризонтот. Козите на Чанга беа готови да одат на пасење кон реката, кон ридовите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Еднаш напладне отидов на лизгање сам; измешан со луѓето, забележав како кон ридот се приближува Надењка и како ме бара со погледот...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Страшно ѝ е да се спушти сама, о, колку е страшно!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Човекот се загледа кон ридот, каде завива пругата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И почнува да грми кон ридот преку реката, во реката. Се полни реката со железо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)