кон (предл.) - предел (имн.)

Како што одеше кон градите, кон пределот на срцето, така и треската и восхитот раснеа во него, та заборави на сè: на времето што леташе, на просторот во кој создаваше, на воздухот што му ги креваше градите и на издишките што од нив излегуваа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со изопачено задоволство болката ги контролираше своите касања и оставаше доволно безболни површини, не се движеше од еден дел на телото кон друг, секогаш беше насочена кон пределот на слабините, меѓу колкот и долното ребро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)