За традицијата на кинетичките објекти и инсталации, од Naum Gabo и Moholi-Nagy до Nicolas Schoffer (авторот на спациодинамички и хронодинамички дела, да го споменеме Chronos 1967/68) е значајна уметничката одомаќеност, хуманизацијата, естетизацијата и иронизацијата на машините од индустриската парадигма, значи направи-машини од коишто поединецот малку е отуѓен но за него сепак се значајни пред сè движењето, механиката, погонските моменти кои усмеруваат кон перцепција на простор-движењето, воспоставено со машинското функционирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)