кон (предл.) - огледало (имн.)

Набожен, иако веќе поретко, дури и во неделите, Богдан Јанков побрза кон огледалото на ѕидот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сашка бавно ја заврте главата кон огледалото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но таа пак не обрнуваше внимание на она што тој ѝ читаше, туку очите ги вртеше кон огледалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Забрзано ја испрати и се врати дома, потем, наведнат кон огледалото, долго и правилно ги триеше јадрите заби со четка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Утринава, кога заврши тоа второ негово јавување таа се сврте кон огледалото заглавено помеѓу тоалетот и шифоњерот и се погледна в очи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но неа, како да не ја интересираа книгите и она што тој ѝ го читаше: постојано очите ги вртеше кон огледалото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А ние, децата, како што растевме, различно си ја толкувавме Мајкината верност кон огледалото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)