кон (предл.) - оган (имн.)

Некој, со грбот свртен кон огнот, одеднаш скокна и се фаќа за рамо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе стрчеа луѓето кон огнот спобудалени, исплашени со празни раце, без да знаат што да сторат, што да чинат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едни одеа кон огнот, дрги се враќаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вниматлено го дипли значајното парче весник вртејќи се со целото лице кон огнот и го враќа во внатрешниот џеб на излитеното некогаш градско палто.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само Воскресија Мукаетова уште вика, си блада, свртена кон огнот. — Напред, другари! Емброси, синдрофи!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трепетот на невидливата птица на звукот ги облагородил луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чинките на човековата беспричинска радост им ја грееле крвта, ги тргале кон огнот зад ѕидот на урнатината и кон гајдата на Каменчо Скитник, човек што можел и од кал да измеси слатка погача.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа било јасно и било јасно: многуте советници со висок ајлук и вечни гости на беговиот мудбак можеле да им смислуваат одмазда на непокорниците од Кукулино; тие исти советници еднаш веќе сториле да загине од безмилосни пушки измирецот и милосникот на убавината Селџик-бег заради споулавеното јунаштво да ги зема под заштита копуците и залангугурите од најкраставите крстени села во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето од дружината седеле во круг со лице кон огнот, без пречкање и без ракиска подбивност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почна да се стиска кон огнот, но кадијата го имаше предвидено тоа, та совреме нареди редица сејмени пред луѓето, така што неколку метри од огнот беа слободни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Самиот трчаш кон огнот!...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Толку сликовито ги претставуваше тие жени, што веројатно постојано ги сонуваше, како тој час да станува од креветот и да излегува од ноќта што ја поминал со некоја од нив".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Божин како што се наближи кон огнот ја нагази матарката што беше непосредно до германскиот окоп, а Германците беа внатре.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го остави Мирчета и притрча кон огнот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)