Втемелен е врз темелната машка геј-интуиција дека моќта е насекаде, дека е невозможно да се избегне моќта, дека ниедно место не е надвор од опсегот на моќта.252 Кампот е облик на отпор кон моќта кој се дефинира со свест дека си сместен во рамките на неизбежна мрежа од односи на значење и сила, со перцепцијата дека опфатниот режим на хетеронормативното значење е неменлив, но дека, сепак, е достижно одредено ниво на слобода во однос на него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Преку нас извршените комуникациски процеси не � служат на пропагандата, ние не сме мисионери, ниту некоја кон моќ грабежлива организација. Monty Cantsinите ги формираат исклучиво приватните животни, а животот за секој Monty Cantsin е инаков.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Кампот“, вели Естер Њутн (зајмејќи фраза од Кенет Бурк), „е стратегија за ситуација“.251 Кампот дејствува од позиција на обезмоќеност за да ги прекодира општествените кодови чија културна моќ и престижност не дозволуваат едноставно да се разбијат или да се пренебрегнат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)